Краткиот документарен филм, без звучна подлога и без дополнителна документација, го прикажува амбиентот на фестивалот и творештвото на еден уметник. Во материјалот доминираат кадри од скулптурите на уметникот, како и зградата каде што се одржува фестивалот.
Особено интересно е што во повеќе наврати се прикажува писмо, во кое, со тешкотии, може да се прочита дека станува збор за молба до институција за материјална поддршка при поставување на изложбата. Писмото започнува со зборовите „Cenjena drugarice, Budite ljubazni…“, што додава човечка димензија и ја истакнува борбата и посветеноста на уметникот во остварувањето на својата визија.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ