Филмски новости бр.12/52

Југославија 1952 0.26 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 2 – ПО ДИСКУСИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНИОТ ПЛАН /
Нецелосен прилог, снимен во текстилната фабрика „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, по повод примена на новата организација на работа. Додека течат кадри снимени од погон на ткајачницата, предилницата и рачно печатење мотиви на готови ткаенини, во оф тон нараторот соопштува за активностите во фабриката по дискусија за општествениот план. На  предлог на вработените, фабриката ја насочува работата кон внатрешните резерви на колективот, со што се намалил и бројот на вработени во ткајачницата.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.