Филмски новости бр.18/50

Југославија 1950 0,55 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ОХРИД – ПИОНЕРСКА МОРНАРИЦА /
На роденденот на Маршал Тито, кој официјално се славеше на 25 мај, пионерите на Охрид го добиле својот прв брод – подарок од претседателот на владата на НРМ, Лазар Колишевски. Краткиот нецелосен прилог започнува со построени пионери во морнарски униформи во тотал, покрај брегот на Охридското Езеро. Преку менување на неколку планови се нижат кадри од пионерите во строј, пионерка зборува на говорница, пионери со знамиња, влегување во пионерскиот брод и пловат по езерото. Во крупен план прикажан пионер зад кормилото на пионерскиот брод.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.