ПРИЛОГ 1 – ЗДРАВСТВЕНА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА /
Нецелосен краток прилог од систематски прегледи на деца од училишна возраст, во организација на Институтот за здравствена просвета на НР Македонија и Црвен крст. Прилогот е снимен 1952 година во Радовишката околија. На почетокот на прилогот прикажана е колона луѓе на магариња, како се движат по планинска патека. Тотал на село во околината на Радовиш. Следуваат неколку кадри од систематски преглед на деца и возрасни лица, на отворен простор. Додека лекарите вршат систематски преглед на деца од училишна возраст, останатите здравствени работници им даваат упатства на мајките, за нега и грижа за помалите деца. Нараторот наведува дека здравствениот тим од 35 лица, за време од еден месец посетил 53 села во Радовишко.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска