Филмски новости бр.182/49

Југославија 1949 1,43 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – ВО ЗАДРУГАРСКОТО СЕЛО ЛАЗАРОПОЛЕ /
Во почетниот кадар прикажан е патот до селото по кој се движат камиони. Тотал на Лазарополе. Следуваат кадри од изградба на нови објекти, стари куќи и завршна фаза од изградба на селскиот културен дом, познат и како Задружен дом „Кочо Рацин“. Во селската задруга жените се занимаваат со килимарство а мажите со сточарство. Во неколку кадри опфатени се говеда и овци на пасиште. Преку менување на неколку планови во последните кадри, прикажана е изработка на килими во задругата и готов производ.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

Снимател: Љ. Ивковиќ

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.