ПРИЛОГ 1 – ВO ТАТКОВИНАТА НА ПЕЧАЛБАРИТЕ /
Краток прилог за една од најстарите населби во мијачкиот регион, селото Јанче, сместено на југозападната падина на планината Бистра. Во почетниот кадар од реката Радика, со швенк по планинските врвови, камерата се спушта до селото. Во следните неколку кадри прикажан транспортот на стока со помош на коњи преку дрвен мост на Радика. Швенк по скалесто наредени камени објекти. Од долен ракурс прикажана специфичноста на станбено градителство на Мијаците. Во последните кадри, снимен дел од секојдневните домашните активности на жените. Во селска носија жени полнат ѓумови со вода на селската чешма, а на река со помош на пиралка перат облека. Потоа, во традиционална народна носија жени предат волна на дрвена фурка и плетат.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска
Снимател: В. Перишиќ