Филмски новости бр.26/51

Југославија 1951 0.31 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – БЕРБА НА АФИОН /
Краток прилог за почеток на бербата на афион во околината на Скопје и Велес. Ошшт план на афионови насади. Во крупен план прикажана рака како реже афионова чашка. Жена со специјален нож ја реже чашката, го собира опиумот на ножот и го одложува во соодветен сад. Со понатамошна обработка афионот се користи за медицински цели, односно добивање лекови врз основа на опијатските состојки на растението, како што се морфинот и кодеинот. Повторно во последниот кадар во широк план прикажани афионови насади и селани кои собираат афион.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.