Филмски новости бр.29/51

Југославија 1951 0.46 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – НАТПРЕВАР НА ПЕЛИВАНИТЕ /
Краток нецелосен прилог за традиционалното борење, натпревар на пеливаните, одржан во Скопје. Тапанарот и зурлаџиите ја пратат церемонијата пред почетокот на борбата, обележана со ритуални движења на борачите како танц. Борбите се одвиваат на отворен терен, следени од голем број гледачи. Следуваат кадри од боречката акција, во која се дозволени движења на специфичен стил на борење. Камерата ги следи пеливаните кои настапуват голи до појас, со посебни кожни панталони, наречени киспет. Во средно крупен план прикажан судијата Расим Пеливани. Борбата на пеливаните се одвива во придружба на зурли и тапани.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.