Филмски новости бр.32/50

Југославија 1950 1,06 мин Звук репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – МУЗЕЈОТ НА КОЧО РАЦИН /
Краток нецелосен прилог посветен на музејот на Кочо Рацин во Велес. Панорамска снимка на градот Велес од железничкиот мост. Кадри од стариот дел на градот, типична велешка и староградска архитектура. Крупен план на таблата на куќата во која живеел и творел македонскиот поет и револуционер Кочо Солев Рацин, претворенa во музеј. Ентериер на музејот. Посетители разгледуваат текстови, фотографии од текстови, производи од грнчарскиот занет на поетот, пишано наследство во поезија, проза, трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика. Во последните кадри во крупен план стихови од стихозбирката „Бели мугри“ со аргатски мотив, „Тутуноберачите“ и ракопис на дел од патриотската „Елегии за тебе“.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.