ПРИЛОГ 1 – РЕМЕК ДЕЛО НА МАКЕДОНСКАТА РЕЗБА /
Краток нецелосен прилог снимен во еден од најзначајните споменици на културата во Скопје, црквата Св. Спас. Иконостасот на оваа тробродна црква подигната во XVII век, работен 12 години, е дело на резбарската група на врвните мајстори на занаетот Петре Филиповски – Гарката со неговиот брат Марко и Макарие Фрчковски од селото Галичник. Швенк по мошне убава уметничка резба во која е изработен иконостасот, долг 10 а висок 6 метри. Детали од длабоката резба на ореово дрво, во која се проткаени мотиви од Стaриот и Новиот завет, поврзано со декоративни елементи од листови, цвеќе, геометриски орнаменти, фигури од растителниот и животинскиот свет.
Напишано од м-р Сунчица Веселиновска