Филмски новости бр.5/51

Југославија 1951 0,57 мин репортажа Журнал

ПРИЛОГ 1 – МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО ВО СКИЈАЊЕ /
Нецелосен прилог од натпревар за младинско првенство на ФНРЈ (Федеративна Народна Република Југославија) во скијање, на терените на Попова Шапка. Тотал и швенк на падините на Попова Шапка. Натпреварот во слалом, на млади категории натпреварувачи во машка и женска конкуренција, се одвива на патека на 12 км. Старт на возење на јуниорите и пристигнивање на целта. Во неколку кадри прикажани фрагменти од конфигурацијата на теренот и возењето на натпреварувачите на оваа мошне напорна дисциплина, на патека обележана со капии. Во последните кадри, во крупен план, камерата регистрира две натпреварувачки во слалом за жени.

Напишано од м-р Сунчица Веселиновска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.