Момче и девојка се возат со џип по некоја периферија и ја следат песната од радиото. Песната запира и спикерот известува за сообраќајна несреќа на патот Скопје-Куманово. Девојката го исклучува радиото и вели: нема потреба да го расипеме расположението.
Се возат до планираното место на кое ќе запрат. Девојката и нејзиното момче ги вадат работите од џипот и седнуваат покрај едно дрво. Потоа девојчето го слика нејзиното момче со фотоапарат и вели: „Речиси, се што избирам кога станува збор за улоги, се заснова на работи и материјали кое ме засегаат, тоа е речиси темата кон која гравитирам“. Момчето одговара кратко: „Јаболко“, земајќи го јаболкото во раце.
Девојката продолжува да прашува за можноста некогаш да полета со авион и гледа кон небото. Потоа изразува дилема: „или само ќе гледам од земјата како го исцртуваат небото“.
На тоа прашање, момчето одговара: „Мила моја, сите барем еднаш до крајот ќе полетаме кон небото, кој порано кој подоцна“. Девојката вели дека не го разбира потполно, а момчето ја довршува мислата со зборот: „Смислата на животот е во тоа што тој запира“.
Момчето нуди торта на девојката и вади нож да ја пресече. Девојката вели дека вкусот на тортата ја потсетува на спомени кои сака да ги избрише.
Момчето гледајќи ја во лице девојката ѝ вели дека сака да биде постојано со неа, и во гроб да бидат гушнати. Девојката го прегрнува момчето и го прободува со нож во грб, по што момчето умира. Следи крупен план на раскрварени раце на девојката. Девојката го влече телото на своето момче во голема најлонска вреќа и седнува во џипот. Ја гледа фотографијата на момчето, потоа ја бакнува.
Напишано од Арсим Љесковица
Прв асист. режија: Батухан Ибрахим Директор на фотографија: Валентин Цветковски Монтажа: Виктор Стојков Тон: Александар Мораитов Костимограф: Фросина Кулакова Актери: Ева Костиќ; Марко Младеновиќ