Документарен филм за Јонузовиот мост, сместен на истекот на реката Дрим во Струга. Приказ на градот, наратор во оф тон зборува за: местоположбата на градот, како некогаш се живеело и со што се занимавало населението во Струга. Населението било мешовито, составено претежно од македонци и турци а поретко имало власи и албанци. Јонуз Мурат или како го нарекувале Кара Мурат, бил истакнат граѓанин на Струга, профисионален рибар и председател на Месниот Одбор. Тој издејствувал на крајот од градот да се направи мост и пат кои во негова чест го носат неговото име. Мостот е изграден 1947 год., ги спојува двата брега на р. Дрим. Одговорен за изградбата на Јонузов Мост бил Спасе Кочоски од Вевчани, во улога на главен техничар. Јонуз Мурат во 1956 г. се сели во Турција. Умира 1978 година во Истамбул. Мостот е срушен а на негово место е изграден нов бетонски мост. Останати се само спомените за стариот Јонузов мост.
2022, 51 ДФНФ, Златна плакета за документарен филм
Музика: Струшки бисери Наратор: Христо Д.Миладинов