Јунаците во борбите умираат, а во песните живеат

Р. Македонија 29,33 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за македонскиот револуционер и војвода Јордан Пиперката (1870-1893). Роден е во село Козица, потекнува од сиромашно земјоделско семејство. Јордан Силјанов-Пиперката, прекарот го добил по својот лут темперамент. Тешко ја поднесувал неправдата од турските власти. Оттаму уште во раното детство кај него се јавува желбата за ајдукување. Учествувал во неколку востанија и претставувал страв и трепет за турците. Загинал во борба со турскиот аскер во Цер.
За неговиот живот и револуционерна дејност зборуваат: Стојмир Симјаноски, Лазо Арсоски, Богдан Пиперката, Мито Пејовски и др. Kако и за другите македонски револуционери така и за Јордан Пиперката се испеани народни песни: „Се собрале комитите“ и „Сон сонила Орданица“.

Наратори: Бранислав Стојаноски, Николина Никодиноска Музички соработник: Горан Делевски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.