Филмот ЉУБИНКО И ДЕСАНКА е драма со комични елементи (тажна комедија). Дејството на филмот се одвива во една кафана.
Десанка е млада жена која седи сама во кафана и видно е тажна. Доаѓа Љубинко и седнува до неа да и прави друштво. Тие двајца почнуваат разговор. Десанка му кажува зошто плаче. Таа е осамена и трага по вистинска љубов. Љубинко се обидува да ја орасположи. На Љубинко и Десанка им се придружува и Август или како самиот се нарекува „Глупи август“. Тој уште повеќе ја засмејува Десанка. Потоа им се придружува и келнерот. Разговорите траат долго, Ред солзи, ред смеа.
Напишано од Лидија Кировска
Други соработници: Музика: TREE MINUTES IN THE RAIN, Горан Јаневски, Иван Јанчев , Петар Димитровски и Здравко Кевршан Светло: Мац Пантер Тон: Пајо Високотонски Монтажа: Вензелин Версаловиќ
Забелешка: Филмот е работен според драмскиот текст „Љубинко и Десанка“ на Александар Поповиќ Адаптација: Вардан Тозија
Финансиран од Советот за радиодифузија