Ќе дојдат децата

Република Македонија 2017 18.45 мин Колор Звук Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за една млада учителка која добива вработување во запуштено планинско село. Таа се симнува од воз и се упатува кон старата училишна зграда. Влегува внатре, училиштето е празно, руинирано, без струја. Само една постара жена ја пречекува и ѝ кажува дека децата не доаѓаат во училиште, бидејќи е многу ладно а нема струја и греење. Жената и помага да се смести и да се прилагоди на тешките услови на живот во селото. Учителката доаѓа секој ден во празно училиште. Се обидува да научи да запали огин, да зготви нешто. Сака да се врати дома, да избега. Но, сепак останува чекајќи ги децата.

Напишано од Лидија Кировска

Останати соработници : Копродуценти — Миливоје Ѓорѓевиќ, Владимир Анастасов, Игор Поповски Менаџер на продукција — Зоран Ристески Скриптер — Алисија Ферро Асистент снимател — Дарио Секуловски Фокус пулер — Атанас Велковски Втор асистент снимател — Давид Ристоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.