Филмскиот запис документира свечен настан посветен на „11 Октомвриските награди“. Во материјалот се појавуваат личности од јавниот и културниот живот, при што јасно се препознава Трајче Попов. Камерата бележи момент на откривање на споменик, проследен со кадри од изгледот на самите награди.
Во продолжение е прикажано изведување на народни музички инструменти, со придружен наслов: „Македонски музички фолклор“, „Песни и македонски мелографи од крајот на 19 век“. Потоа следуваат кадри од книжевни изданија, меѓу кои се забележуваат насловите: „Седумдесет цветови“, „Пролет и есен“, „Гости кај Џоџињата“ и други публикации кои не можат да се забележат насловите.
Содржината упатува дека станува збор за врачување на награди на истакнати поединци од различни области од културата и уметноста, како филмска, музичка, книжевна и издавачка дејност. Датум на настанот не е наведен, но според достапните информации тоа е во 1971 година. Трајче Попов ја добил наградата таа година.
За комплетирање на описот потребно е да се идентификуваат и другите личности кои се појавуваат на филмската лента.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ