Документарен филм, по повод 25 годишнината од постоењето на Здружението на Хрватите во Македонија. Здружението е многу активно со голем број на членови и настани од културен, забавен и политички карактер. Колку е важно ова Здружение за зачувување на идентитетот и јазикот на хрватските граѓани кои живеат во Македонија, зборуваат неговите членови: Марија Дамјановска, Ристо Спасеновски, Љубомир Бранѓолица, Миљенко Клисуриќ, Бранко Маретиќ, Иван Шишак, Љерка Тот Наумова, Јадранка Чадиновска и многу други.
Во филмот се прикажани снимки од; посета на папата Франческо во Скопје 2019 година, концерти на Дорис Драговиќ, Оливер Драгоевиќ, Аки Рахимовски, Гарабет Тавитјан, Тоше Проески и др. За важноста на здружението зборуваат Мирко Големеиќ – сопственик на ресторанот Рагуса, министерката за култура Ирена Стефоска и други.
Напишано од Лидија Кировска
Наратор: Јошко Шево Камера: Здравко Петрушевски Фотографија: Влахо Бранѓолица Музичка илустрација: Невенка Костова и Мирјана Василева