25 години Здружение на Хрватите во Македонија – мост на пријателство и стожер за заштита на идентитетот

Република Северна Македонија 2020 97 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм, по повод 25 годишнината од постоењето на Здружението на Хрватите во Македонија. Здружението е многу активно со голем број на членови и настани од културен, забавен и политички карактер. Колку е важно ова Здружение за зачувување на идентитетот и јазикот на хрватските граѓани кои живеат во Македонија, зборуваат неговите членови: Марија Дамјановска, Ристо Спасеновски, Љубомир Бранѓолица, Миљенко Клисуриќ, Бранко Маретиќ, Иван Шишак, Љерка Тот Наумова, Јадранка Чадиновска и многу други.
Во филмот се прикажани снимки од; посета на папата Франческо во Скопје 2019 година, концерти на Дорис Драговиќ, Оливер Драгоевиќ, Аки Рахимовски, Гарабет Тавитјан, Тоше Проески и др. За важноста на здружението зборуваат Мирко Големеиќ – сопственик на ресторанот Рагуса, министерката за култура Ирена Стефоска и други.

Напишано од Лидија Кировска

Наратор: Јошко Шево Камера: Здравко Петрушевски Фотографија: Влахо Бранѓолица Музичка илустрација: Невенка Костова и Мирјана Василева

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.