48 – ма дивизија

1945 Аматерски филм

Значаен документарен филм за триумфалното враќање на борците од крвавата епопеја на Сремскиот фронт во Скопје. Во 36 кадри низ плоштадот на Скопје, се движат изморените борци, кои ги носат ранетите другари. Среќните граѓани на Скопје ги даруваат со цвеќе. На камионите во кои се возат војниците, испишани пароли: „Отидовме да го уништиме непријателот, се враќаме да ја градиме татковината“ и слично.

Снимател Дрнков Благоја
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.