60 години македонски влади

Р. Македонија 2006 40 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарен филм по повод шеесет години македонска Влада, во период од 1945 г. до 2006 г.
Во овој период сменети се шеснаесет влади и премиери на Македонија.
– Владата на Лазар Колишевски (1945-1953), снимки од обнова на земјата, описменување на населението  и културно забавниот живот.
– Владата на Љупчо Арсов (1953-1963), архивски снимки од обраќања на премиерот, одгледување на афион, обнова на Охридската архиепископија, болници, фудбалски натпревар и др.
– Владата на Александар Грличков (1963-1965), приказ на фабрики,одморалишта, земјотресот во Скопје, посета на Ј.Б.Тито во Скопје по земјотресот.
– Владата Никола Минчев (1965-1968), Тито во посета на Македонија, спортската манифестација Охридски маратон.
– Владата на Ксенте Богоев (1968-1974), снимки од Скопје ноќе, Шаховската олимпијада одржана 1972г. во Скопје, кејот на Вардар, Охридско лето.
– Владата на Благој Попов (1974-1982), прикажани се автопати, винарии, фабрики и природни богатства во Македонија.
– Владата на Драгољуб Ставрев (1982-1986), снимки од седница на Собрание на Р.Македонија, центарот на Скопје, зградата на МТВ и др.
– Владата на Глигорие Гоговски (1966-1991), работата на Собранието и актуелниот премиер на Р.Македонија.
– Владата на Никола Кљусев (1991-1992) , снимки од Галичник, Крушево, АСНОМ, прогласувањето на независна Македонија и новиот Устав од 1991г.
– Владата на Бранко Црвенковски (1992-1998), премиерот во Собрание, доделување на наградата „Златен лав“ на Милчо Манчевски за филмот „Пред дождот“.
– Владата на Љупчо Георгиевски (1998-2002), премиерот во Собрание, во посета на фабрики, воената криза, потпишување на Охридскиот договор, победата на ракометарките на „Кометал“.
– Владата на Бранко Црвенковски (2002-2004), работата на премиерот, посета на Ватикан и др.
– Владата на Хари Костов, во 2004, архивски снимки со премиерот.
– Владата на Владо Бучковски (2004-2006), архивски снимки.
– Владата на Никола Груевски 2006…, архивски снимкин со премирот.

Користени се материјали од архивите на : – МРТВ – Кинотека на Македонија – Видео студио Петковски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.