А

Република Македонија 1985 8 мин Колор Звук Анимиран филм

Од искона кај човекот постои судир меѓу силите на доброто и злото. Повремено злите сили се надвиснуваат и врз поединецот, а и врз целото човештво, што предизвикува катаклизмични состојби кои, во крајна линија, значат самоуништување на човештвото, а тоа, секако, се војните водени со современо оружје, чии последици најдобро ги почувствуваа жителите на Хирошима и Нагасаки врз кои беа исфрлени двете атомски бомби. Овој филм ја одбележува, на метафоричен начин, заканата од војните, при што преку сликите на стравотиите од последиците на атомската бомба во Хирошима, се изразува апел до човештвото, тоа никогаш повеќе да не се повтори.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.