Avec L’Amur (Со љубов)

Република Македонија 2017 66 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Документарен филм за Дионис Пашлаков од Неготино, професор по биологија и пасиониран собирач на стари автомобили. Тој е семеен човек, работи во гимназија и е пред пензија. Секој слободен момент го користи за купување и поправање на автомобили. Шета по дворовите и отпадите за да најде некој стар автомобил. Неговата сопруга прави торти за да го надополни семејниот буџет. Таа е негова единствена подршка, и иако негодува, сепак му помага финаниски. Најголема желба на Дионис е да отвори музеј на олдтајмери во Неготино. Последните сцени на филмот се од пензионирањето на Дионис. Тој со емотивен говор се разделува од своите матуранти на кои им бил класен раководител.

Напишано од Лидија Кировска

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.