MOMENTO VITA – Сеќавање на животот – Љупка Џундева

Р. Македонија 2003 29 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за животот на Љупка Џундева, македонска филмска и театарска актерка. Родена 1934 год. во Дебар Маало, во Скопје. Евоцира сеќавања од своето најрано детство, за мајка ѝ, која рано ја напуштила, и за школските денови. Во 1951 година, се запишува на Државната средна театарска школа во Скопје. Веднаш по завршувањето на образованието се вработува во Македонскиот народен театар, каде останува се до своето пензионирање. Зборува за своите колеги, доајени на македонското актерство и љубовта кон театарот. За првата одиграна театарска претстава и улогата во првиот македонски филм „Фросина“. Забележани се нејзините улоги во првата македонска комедија „Мирно Лето“, филмот „Македонска крвава свадба“ и во повеќе театарски претстави, тв серии и радиодрами. Има добиено повеќе награди и признанија: награди за животно дело „11 Октомври“ и „Војдан Чернодрински“, Награда на град Скопје „13 Ноември“, орден на трудот и други награди и признанија.

Во емисијата се користени материјали од личната архива на Љупка Џундева.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.