Документарен филм за Ангел Петковски од с.Вирово, демирхисарско. Селото е познато по валавниците каде се валаат платна и јамболии. Во минатото во с.Вирово имало над осумдесет валавници. На сред село се наоѓа црквата „Св. Никола“. Летен Св.Никола е селска слава на жителите на ова село. Ангел е млад човек кој живее во селото и ги негува старите традиции и занаети. Тој ткае на разбој, свири на кавал, што самиот го изработил, препева стари изворни песни, свири на гајда, плете, везе и сл. Тој со своето магаре оди во блиската шума по дрва и печурки. Во оф тон во текот на филмот се слуша звукот на кавалот на кој свири Ангел.
2022, 51-ви ДФНФ, Сребрена плакета за документарен филм, Златна плакета за монтажа и Златна плакета за камера