Баскет (Приказна за деца и големи деца)

Република Македонија 2020 20 мин Колор Звук спортски Краток игран филм Дигитална технологија

Приказна за традицијата на играње баскет во едно скопско маало. Како големите фраери не ги пуштаат малите во нивниот тим а малите се би направиле за да се докажат дека се добри. По цена и да се потрчковци, да се искараат со најдобриот другар или да скршат рака, како во случајот со Пепо.
Пепо е момче кое е вљубено во кошарката. Тој игра баскет во својот стан, постојано следи кошаркарски натпревари на ТВ и секое слободно време сака да го помине на кошот во маалото. И кога нема друштво тој може со часови сам да шутира на кошот. Негова најголема желба е да влезе во тимот на постарите.

Напишано од Лидија Кировска

Кастинг директор: Наталија Теодосиева Втор асистент на режија: Наталија Теодосиевска Втор асистент на камера: Драган Алексов Учествуваат: Марко Јаневски, Мартин Пешевски, Матеј Вучевски, Александар Гавриловски, Петар Дончев, Адонис Бегалис, Мирослав Петковиќ, Давор Попивода, Славко Стајиќ, Петар Петровски, Здравко Богдановски и др. Специјални гости: Тодор Гечевски (кошаркарски репрезентативец) и Митко Гештаровски (вокал на С.А.Ф.)

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.