Бев, сум и ќе бидам ваше Дојранско Езеро

Р. Македонија 2003 30 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија за Дојранското Езеро, најмалото тектонско езеро во Р. Македонија. Прикажани се езерото и градот Дојран, некогаш и денес. Се зборува за легендата како настанало езерото. За убавата Дојрана, која заборавила да го затвори кладенецот и во долината настанало езерото. Тоа зафаќа површина од 43,1 км2, 27,3 км2 ѝ припаѓаат на Р. Македонија, а 15,8 км2 на Грција. Езерот е со максимална длабочина од 10 м. Богато е со животински и растителен свет. Дојранското Езеро е познато и по традиционалниот начина на ловење риба со помош на птици во огради од трски – мандри.

Текстот го читаше — Зоран Ѓоргиев

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.