Беровскиот трибун

Р. Македонија 2005 33 мин Колор Звук историски ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна емисија посветена на Димитар Поп Ѓорѓија Беровски (1840-1907), истакнат македонски револуционер. Потекнува од имотно свештеничко семејство. Во Одеса се школува во духовно училиште од каде го протеруваат. Оди во Белград во воено училиште, без знаење на неговите родители. По смртта на татко му, се враќа во Берово, каде работи како учител. Учествува во црковните борби против грчките фанариоти и се залага наставата во училиштата да се одвива на македонски јазик. Откако бил наклеветен од грчките владици, пребегнал во Цариград, а потоа во Солун, каде формира кружок за организирање востанија против турската власт. Организатор е на Разловечкото востание (1876), учествувал во организацијата на Кресненското востание (1878) и бил избран за началник на Востаничкиот штаб. Иницијатор е за возобновување на Охридската Архиепископија. Емигрирал во Бугарија каде останал до крајот на животот.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.