Богатство (Thesari)

Република Северна Македонија 2024 60 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Приказна за „ловци“ на богатство, од околината на Тетово. Приказ на село Шипковица и околните места, кои често се посетувани од луѓе што бараат стари монети, злато и други вредни предмети, со цел брзо да се збогатат. Иако ова нивно „хоби“ законски е забрането и ретко нешто наоѓаат, сепак на овие места присутни се копачи на богатство. Тие со себе имаат мапи, кои се на османиски јазик и специјални уреди за пронаоѓање на метал, одат по напуштени места (стари гробишта и куќи) и трагаат по богатства. Проф. Метин, зборува за тоа како кај него доаѓаат копачите на богатство, за тој да им ги протолкува мапите. Тој вели дека повеќето од мапите се фалсификувани. Одередени луѓе нашле начин да заработуваат со продавање на лажни мапи. Во филмот има и лични искуства на копачи и нивни приказни, дали и како наоѓаат богатство.

Напишано од Лидија Кировска

Монтажа Фазлија Арсим
Сценарио Фазлија Арсим
Директор на фотографија Алили Лавдрим
Продуцент Фазлија М. Дрита

Други соработници : Колорист — Бунјамин Куртиши Втора камера — Ибрахим Махмути Асистент на втора камера — Виган Демири Асистент снимател — Арбенита Мета

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.