Прилог 4 – ПАНИХИДА И ОТКРИВАЊЕ СПОМЕН ПЛОЧА ВО ЧЕСТ НА ВОЈВОДАТА МИШЕ РАЗВИГОРОВ И НЕГОВИТЕ СОБОРЦИ ВО ШТИП
Репортажа со нарација во оф-тон, реализирана во ноември 1943 година, на денот на откривањето спомен плоча во чест на војводата Мише Развигоров и неговите соборци Милан Крстев, Петре Жабата и Мише Залчев во Штип.
Репортажата е целосно реализирана во ноември 1943 година, на денот на откривањето спомен плоча во чест на војводата Мише Развигоров и неговите соборци Милан Крстев, Петре Жабата и Мише Залчев во Штип. Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветна траорна класична музика инспирирана од црковната музика. Тонската шпалта е оштететна и тонот е со лош квалитет, понагласено на почетокот на репортажата.
Напишано од д-р Атанас Чупоски