Бугарско дело – Кино преглед бр. 14/41

Бугарија 1941 2,29 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 4 – ОТВОРАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА НА РЕЛАЦИЈА ГОРНА ЏУМАЈА-КРУПНИК
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикерка, за отворањето на железничка линија меѓу градот Горна Џумаја (денес Благоевград) и селото Крупник, во Пиринска Македонија (тогаш дел од Царството Бугарија, денес во Република Бугарија), на 9 октомври 1941 година.
Репортажата е целосно реализирана на релацијата на железничката линија меѓу градот Горна Џумаја (денес Благоевград) и селото Крупник, во Пиринска Македонија, на 9 октомври 1941 г. Покрај гласот на нараторката, во оф-тон се слуша и соодветна весела оркестрирана музика.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.