Бугарско дело – Кино преглед бр. 36/42

Бугарија 1942 1.38 мин репортажа Журнал

Прилог 1 – СЛИКИ ОД ВЕЛЕС
Репортажа во која се прикажани повеќе знаменитости и сцени од животот во Велес.
Панорама во тотал од мостот на Вардар и градот Велес. Швенк во општ план од реката Вардар и првите куќи крај речниот брег, додека покрај брегот поминува воз. Швенкот завршува со градската соборна црква „Св. Пантелејмон“, во подножјето на планината и реката Вардар.
Следува општ план од центарот на градот и црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и швенк по двата брега на реката Вардар. Потоа кадар во тотал снимен од железничката пруга што поминува низ градот, додека возот поминува по шините. Репортажата завршува со швенк на градот снимен од мостот на реката Вардар.
Недостасува тонската шпалта од репортажата што имала нарација во оф-тон со текст што го чита спикер.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.