Бугарско дело – Кино преглед бр. 37/42

Бугарија 1942 1.44 мин Звук репортажа Журнал

Прилог 1 – СЛИКИ ОД СКОПЈЕ
Репортажа со нарација во оф-тон, со текст што го чита спикер, во која се прикажани повеќе знаменитости и сцени од животот во Скопје.
Репортажата е реализирана во само пет кадри. Во двата воведни панорамски швенкови на градот е прикажана реката Вардар и зградите на нејзиниот лев брег, заклучно со големата касарна на Скопското Кале. Репортажата завршува со два кадри во кои е прикажан Камениот Мост на Вардар и објектите во близината.
Репортажата е целосно реализирана во Скопје, а во прилогот е употребена и соодветна класична музика.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.