Бугарско дело – Кино преглед бр. 72/42

Бугарија 1942 0,25 мин Звук Журнал

Прилог 3 – АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ „ЗИМСКА ПОМОШ“ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СКОПЈЕ
Нецелосна репортажа со нарација во оф-тон, од која недостасува поголемиот дел, односно се зачувани само три кадри, со оштетена тонска шпалта, со текст што го чита спикер, најверојатно за акцијата за собирање „зимска помош“ за пензионерите во Скопје и тоа така што на Градскиот стадион бил одигран фудбалски натпревар меѓу артистите од Скопскиот народен театар и Спортинг клуб „Македонија“ и натпреварувачи се натпреварувале во трчање штафета, веројатно на градскиот плоштад, пред зградата на Офицерскиот дом.

Напишано од д-р Атанас Чупоски

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.