Прилог 1 – ПОГРЕБ НА КОСКИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ ВО ЦАРЕВО СЕЛО (ДЕЛЧЕВО)
Репортажа во два дела, со нарација во оф-тон, за погребувањето на единаесетмина револуционери во црквата Св. Богородица во Царево Село (денес Делчево, во Република Македонија) и за врачување на пензионерски книшки на повеќемина селани земјоделци.
Репортажата е целосно реализирана во околината на Царево Село и во самото Царево Село (денес Делчево). Покрај гласот на нараторот, во оф-тон, како илустрација, се слуша и соодветна класична музика и класична музика инспирирана од црковна литургиска музика. Недостасува дел од тонската шпалта на самиот почеток на репортажата, а тонската шпалта е малку оштетена и во продолжение на репортажата.
Напишано од д-р Атанас Чупоски