Великани на народната мудрост – Марко Цепенков

Р. Македонија 2006 26 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Играно-документарен филм за Марко Цепенков (1829-1920), собирач на народни умотворби, по професија терзија. Артистот Благоја Спиркоски – Џумерко го глуми Марко Цепенков. Тој раскажува за своето детство во с.Ореовец – прилепско, како започнал со собирање на приказни, пословици, народни верувања и суеверија. И за тоа како настанала познатата приказна „Силијан штркот“. Во 1888 година заминува во Софија за да ги објави своите собрани дела во „Зборникот“. За богатотата собирачка дејност на Марко Цепенков, зборува македонскиот фолклорист, д-р Марко Китевски.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.