Водици – Бешиште

Република Северна Македонија 2023 14,50 мин Колор Звук документарна репортажа Аматерски филм Дигитална технологија

Приказ на мариовското село Бешиште. Селото е напуштено, полно со разурнати куќи. Некогаш ова село броело и над илјада жители. Со бранот на иселување што го зафатил мариовскиот регион, во селото останале само четиринаесет жители. Бешиште е полно со луѓе само за време на празници. За верскиот празник Водици, селото е полно со луѓе. Проследена е целата прослава на празникот: поворка од луѓе што се движи низ селото, Литургија во црквата „Пресвета Богородица“, извршување на водосвет и фрлање и фаќање на крстот во осветената вода.

2023, Плакета за репортажа, 31 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.