Волшебните убавини на подземниот свет на Плачковица

Р. Македонија 2002 58 мин Колор Звук документарен ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарна програма во две епизоди, за природните убавини на планината Плачковица. Во првата епизода станува збор за подземните пештери: Ќуп, Ајдучка пештера, Големата пештера и пештерата Туртел, со посебен осврт на Големата пештера. За украсите во пештерата, како е откриена и нејзиното значење зборуваат спелеолозите: Ристе Љуботенски, Љупчо Георгиевски, Никола Стојановски, Ангел Бораниски и професор Блажо Боев. Втората епизода е за пештерите Ѓуп и Туртел, за овие подземни убавици зборуваат: Миле Трајков – жител на с.Вртешка, Стојан Јорданов – спелеолог, Ристо Љуботенски-спелеолог и Блажо Боев – професор.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.