Филмскиот материјал регистрира активности поврзани со студентското филмско творештво во Скопје во раните 1970-ти години. На почетокот се појавува логото на Академскиот кино клуб Скопје, при Сојузот на студенти на Македонија. Понатаму е прикажан филмски репертоар во кој стои информацијата за прикажување на аматерски филм под името: „Хари Џексон – 24.12.1972, Скопје“.
Следи крупен план со натпис за Општојугословенскиот студентски фестивал на аматерски филм (ОСФАФ), што укажува на натпреварувачкиот и фестивалскиот контекст на материјалот. Во продолжение се прикажува ракување со 16 мм филмски ленти, како и сцени во кои се гледа комисијата за оценување, што го документира процесот на селекција и техничко разгледување на филмовите. Материјалот има документарен и архивски карактер, прикажувајќи дел од студентската филмска сцена во Скопје од тој период.
Напишано од м-р Арсим Љесковица
Филмска документација од фондот на Виктор Аќимовиќ
* Насловот е земен според содржината и од списокот со филмови од фондот на В.Аќимовиќ. На кутијата со филмот стои „Театар во Скопје 23.05.1971, но таков наслов нема во спискот со филмови во фондот Според податоците на интернет страната на АКК Скопје, второто издание на ОСФАФ било во 1974 година.