Емисијата го истражува културното, природното и духовното значење на планината Шара, за луѓето што живеат на нејзините падини. Преку интимни сведоштва на локални жители – сточари, уметници, еколози и духовни водaчи – филмот прикажува како Шара не е само географски простор, туку жив симбол на идентитет, отпор и постојаност. Режисерот Мурат Исаку низ визуелно импресивен стил ја доловува врската меѓу човекот и природата, нагласувајќи ги заканите од современите еколошки и социјални промени. Во „Глас на Шара“ се обработуваат поетски текстови кои ја изразуваат длабоката врска меѓу човекот и планината Шара, како симбол на духовност, тишина, отпор и сеќавање. Во филмот се вклучени поетски дела од современи автори, како и усна народна поезија (етнографски записи, изворни изрази и лирски песни) кои се дел од културното наследство на регионот.
Идеја: Салајдин Салиху Стиховите ги чита: Џеват Лимани