Гласот на Река

Р. Македонија 2000 55 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Во ова документарна програма се зборува за ликот и делото на писателот Ким Мехмети. Емисијата содржи кратки играни секвенци со неколку актерки од Албанскиот театар, кои рецитираат стихови од песни и романи на Ким Мехмети. Во најголемиот дел од емисијата го следиме интервјуто со Ким Мехмети. Наратор во оф-тон нагласува посебности и детаљи за детството на К. Мехмети и неговото образование.
Исто така, за Ким Мехмети зборуваат и неколку интелектуалци од Македонија: проф. д-р. Ферид Мухиќ, кој прави естетска и филозофска анализа на неговите дела; потоа Февзи Бојку (новинар и писател) раскажува за соработката со Ким Мехмети како репортер и публицист за политичките настани во Македонија и регионот; проф. д-р. Али Алиу (албански интелектуалец, книжевен критичар) објаснува за посебностите во расказите на Ким Мехмети и публицистот Исо Руси, кој говори за талентот на Ким Мехмети.

Монтажа Љута Фехми
Снимател Пајазити Бујар
Сценарио Скендери Артан
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.