Градина

Република Северна Македонија 2024 75 мин Колор Звук социјална драма Документарен филм Дигитална технологија

Социјална приказна која со топлина и реализам го прикажува животот на група стари земјоделци што одгледуваат зеленчук на ненаселено јавно земјиште, на ниви покрај реката Вардар, во близина на Ново Лисиче. Камерата, дискретна и ненаметлива, го следи нивниот труд. Секојдневието им е исполнето со грижа за градината, со разговори, подготвување ајвар, садење и берење култури. Централни фигури се брачен пар, чие работење го симболизира упорниот дух на луѓето кои сакаат чесно да живеат и да опстанат со тгрудот од сопствените раце.
Преку автентични дијалози и снимки од сите годишни времиња, филмот го доловува достоинството на физичката работа, љубовта кон земјата и болката од запоставеноста. Контрастот се појавува кога на сцената влегуваат багери и отпаден градежен материјал што го нарушуваат природниот ритам на градината. Во емотивно најсилната сцена, еден од земјоделците изјавува дека ако дојде багерот да руши, нека го затрупа и него, изразувајќи ја длабоката поврзаност со земјата и разочараноста од институционалната негрижа.
Филмот завршува со сцени кои нудат надеж. Луѓето продолжуваат да ја обработуваат земјата, додека тивка, релаксирачка музика и телопот „Во градината покрај Вардар, се уште се одгледуваат највкусните тикви. Никој не знае до кога“, оставаат впечаток на кревка, но жилава човечка истрајност. Дали после 35 години, ќе мораат да се иселат?!? Последната почит му се оддава на еден од починатите земјоделци со објавена фотографија.

Напишано од м-р Арсим Љесковица

Извршен продуцент: Пеце Талески Музика: Tremors by SPEARFISHER

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.