Д.р Тунуз Балханза – Првиот дебарски хирург

Р. Македонија 2006 46 мин Колор Звук биографски ТВ Продукција Дигитална технологија

Емисијата започнува со говорот на наратор во оф-тон, за животописот на Др. Тунуз Балханза. Тој е првиот дебарски хирург. Роден е во 1898 година во селото Балханза, кое се наоѓа во околината на Дебар. Неговите родители се таткото Мет Аг Балханза и мајката Сафије Кодра.
По завршување на основното училиште во родното место, средното образование го завршил во Истанбул, а студиите по медицина во Солун, додека специјализацијата по општа хирургија во Сорбона, Франција, во 1924 година.
Две години работел во Виена, а подоцна во Тирана работел под името „доктор Селим“.
Во родното место го нарекуваат доктор Тунуз.
Потоа на екранот се прикажуваат исечоци од дневниот печат на албански јазик, кои говорат за личноста на Балханза, професијата и неговата родољубивост. По овие кадри следат интервјуа со внуците на Т. Балханза, Сазан Папранику и Африм Папранику. Потоа со други членови од поблиското и поширокото семејство и познаниците на Др. Тунуз Балханза, но и со новинари кои истражувале за личноста и делото на Балханза. Др. Тунуз Балханза, според интервјуираните починува на 35 годишна возраст, под сомнителни околности и сомнежи за негово труење, од тогашната власт на Кралството Југославија.

Наратор: Арбен Азири

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.