Да игра ли Лазарка?

Р. Македонија 2001 14 мин Колор Звук Етнолошки Аматерски филм Дигитална технологија

Една недела пред Велигден е христијанскиот празник Лазарова сабота, познат кај народот како Лазарица. Прикажано е како во едно кумановско ромско маало се подготвуваат за празникот. Девојчиња се облекуваат во народни носии и во придружба на повозрасни жени, одат по домовите и пеат обредни песни. Со лазарските песни се посакува здравје и успех на семејството. Домаќините ги даруваат со подароци: брашно, ориз, овошје, јајца, пари и др. Овој народен обичај се пренесува од генерација на генерација а постарите се сеќаваат како било во нивно време.

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.