Каков е соживотот на луѓето од различни верски заедници во Швајцарија. Исо Фазлији, по завршување на средно училиште во Тетово, заминува во Швајцарија и работи како гипсар. Во 2021 год. отвара гипс компанија, каде работи со својот син, Бујамин. Слободното време го минува во сликање и играње фудбал. Заедно со Рајмондо Понте, Беат Урех и Беким Алими основаат црковен фудбалски клуб. Организираат турнири каде играат активисти од џамијата, католичката црква и другите верски заедници. По натпреварите во фудбал, се дружат сите заедно. Некои од нив се верници и редовно ги посетуваат џамиите и црквите, некои не се. Но, тоа не им пречи за убаво да се согласуваат и забавуваат. Исо, кога доаѓа во родното место, прави обиди за еден фудбалски клуб како во Швајцарија. Филмот е снимен во Македонија (Тетово) и во Швајцарија.
Напишано од Лидија Кировска
Музика: Зулќуфли Зиба Лектор: Жерифе Абдули