Европски приказни – Криза на либерални вредности, Унгарија

Република Северна Македонија 2023 49 мин Колор Звук репортажа Документарен филм Дигитална технологија

Последната епизода од серијалот е за владеењето на Виктор Орбан, унгарски политичар, премиер на Унгарија, водач на конзервативната партија. Политичката кариера ја започнува со инвенција на либерализмот. Неговите блиски соработници и пријатели го нарекуваат политички манипулатор, постмодернистички диктатор и материјалист. Со новинарот Борјан Јовановски, зборуваат: Кинга Гонц-поранешна министерка за надворешни работи, Миклош Харасти–поранешен министер, Иван Сезелин-професор и др. Миша Глени-директор на Институтот за хуманитарни науки во Виена, зборува за либерализмот на Орбан и за транзицијата на земјите од Источна Европа. Системот на Орбан послужил како инспирација на словенечкиот политичар Јанез Јанша. Кратко интервју на Борјан Јовановски со поранешниот словенечки председател Милан Кучан.

Напишано од Лидија Кировска

Асистент на монтажа Марков Благојче, Талевски Јованчо
Директор на фотографија Кочишки Петар
Монтажа Ѓоковиќ Марко

Преведувач: Силвана Јовановска
Користени архивски снимки од МРТ Поддржано од Агенција за филм на Р.С.Македонија Серијалот е посветен на Горјан Тозија

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.