Едно во три – три во едно

Р. Македонија 2003 31 мин Колор Звук репортажа ТВ Продукција Дигитална технологија

Документарен филм за Факултетот за Драмски Уметности (ФДУ) во Скопје, со посебен акцент на студентите и студирањето на турски и албански јазик. За ФДУ зборува деканот, проф. Данчо Чевревски. Тој истакнува дека е посебно горд на новоотворените класи на турски и албански јазик, кои почнале со работа во учебната 1995/96 година. Прикажани се снимки од вежби и театарски претстави од студентите. Професорите Рефет Абази, Кренаре Невзати – Кери, Дино Дериваров, Ељеса Касо и Јелена Лужина, зборуваат за предавањата и соживотот на студентите од македонските, албанските и турските класи.

Снимател Вишко Аслан
Монтажа Столиќ Бошко
This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.