Документарна програма во две епизоди за реката Вардар и развојот на регионот по нејзиното течение.
Во првата епизода прикажан е изворот на реката Вардар и селото Вруток. Разговор со селаните кои говорат за нивната работа и бенифициите кои ги носи со себе, живеењето покрај брегот на оваа река. За Камениот мост во село Желино, како историски и митолошки монумент, говорат два поети.
Во втората епизода патуваме по течението на Вардар, од Полошкиот регион до Гевгелија. Реката Вардар како инспирација за: поетите, уметниците и музичарите. Интервјуа со познати личности од културната сфера кои со голема почит и љубов говорат за носталгијата која ја имаат кон Вардар, зашто нивниот живот бил тесно поврзан со вардарските брегови. Реката Вардар како помагател на индустрискиот, земјоделскиот и културниот развој, како и археолошките и историските особености по нејзиното течение.
ТВ екипа: Алуш Камбери, Мухарем Идризи, Фехми Лута, Реан Саити, Авни Алиу