Документарна емисија за демирхисарското село Суводол и за повратниците од странство, кои со задоволство се вратиле во своето родно место. Таков е случајот Димко и Даница Јосифоски и нивните два сина Оливер и Здравко. Тие живееле и работеле во Америка, но постојано мечтаеле да се вратат во Суводол. Семејството Јосифоски се вратило во родниот крај, отвориле своја фурна каде работат сите заедно. Тие се среќни и задоволни со својата работа и животот во ова село. За животот во с.Суводол зборуваат и Анета Костадиноска и Емануела Ристеска, млади девојки од селото. На 28 август, селото го слави празникот Голема Богородица, тогаш се враќаат печалбарите од Америка и Австралија.
Музички соработник: Горан Делески Наратор: Зорица Трајческа Учесници : Насте Смилески, Стојан Софрониоски, Марјан Каранфилоски, Анета Костадинова, Драган Дејаноски и Маја Каревска