Илинденка

Република Северна Македонија 2024 12 мин Колор Звук репортажа Аматерски филм Дигитална технологија

Документарен филм за „Илинденка“, првата едрилица изработена во Македонија.
Во 1955 година, Љубомир Тевчев, раководител на претпријатието „20 Мај“ од Скопје (подоцна прераснува во претпријатие за алуминиум „Алумина“), има идеја да се изработи едрилица. Оваа негова идеја се реализира и настанува „Илинденка“ , едрилица едносед, со многу добри карактеристики и дизајн.
Едрилицата е добитник на награди и признанија на натпревари во светот.
Денес „Илинденка“, како гордост на македонското воздухопловство, се наоѓа во музејот на воздухопловство во Белград.

2024, Плакета за идеја „Стефан Сидовски-Сидо“, на авторите Миа Панов и Дејан Панов, 32 Фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм (ФАДФ) „Камера 300“ – Битола

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.